Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел, каде е во работна посета, на завршната сесија на скринингот на Северна Македонија, во контекст на важноста на меѓународната соработка која земјата ја има со партнерите од ЕУ и со земјите од регионот и пошироко, ја поздрави меѓународната поддршка која ја доби МВР на Северна Македонија во лишувањето од слобода на првоосомничениот за грозоморното и сурово убиство на ученичката Вања од Скопје.
„Соработката во сите области е клучна за напредок како регионалната така и меѓународна соработка и се клучни во сите области, не само во економијата, не само во трговијата, не само во инвестициите туку и посебно во борбата против криминалот и спроведувањето на законите кое беше покажано и преку вчерашното успешно расчистување на грозоморното двојно убиство што ја потресе Република Северна Македонија, регионот но и меѓународната јавност.”, истакна Ковачевски
Премиерот Ковачевски во излагањето потрнцираше дека МВР, ОЈО поднесе кривична пријава против 5 лица, од кои еден е осомничен за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство околу убиство и еден за помагање за грабнување, предвидени со нашиот кривичен законик, што согласно доказите кои полицијата ги прибра во предистражаната постапка.
„Вчеравечер нашиот МВР Спасовски, доби известување од колегите од Р. Турција дека креаторот и директниот извршител на злосторството е фатен и е лишен од слобода на нивна територија, согласно оперативните сознанија кои ги имаше нашата полиција за патеката на движење на осомничениот откако ден претходни, на 04.12.2023 беше распишана итна меѓународна потерница од страна на ИНТЕРПОЛ.”, рече Ковачевски.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за успешната партнерска соработка на Р. Турција, до Р. Србија и Р. Бугарија на чии територии одеше патеката на движење на осомничениот и со кои секојдневно комунициравме.
Премиерот изрази благодарност и до Р.Хрватска која самоиницијативно изврши проверка на нивна територија и ги извести партнерските служби со Северна Македонија и изрази посебна благодарност за досегашната одлична соработка во рамките на ИНТЕРПОЛ.
„Ова беше уште еден успешен пример дека само со блиска, заедничка соработка може да очекуваме успешни резултати на секое поле. Ви благодарам за сета досегашна соработка, поддршка која Северна Македонија ја има во изминатите 32 години, во својот развој, во развојот на демократско општество, во развјот на економијата, во обезбедување на социјална сигурност и ве уверувам дека оваа Влада предводена од мене ќе направи се овој евроинтеграциски пат на Северна Македонија да продолжи и заедно со граѓаните и заедно со вас во 2030 година да прославиме полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.”, истакна Ковачевски.