Јавен повик бр.16/2023 за пријавување на заинтересирани лица за именување на 3 (три) члена на Управниот одбор и 1 (еден) член на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
25.12.2023

Врз основа на член 17 и член 17- а став 1 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022 и 274/2022), член 26 и член 26 -а од Статутот на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје бр.01-210/1 од 9.3.2015 година. бр.02-834/5 од 13.11.2019 година и бр,02-117/4 од 3.2.2023 година и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022), Владата на Република Северна Македонија, распишува: 

Ј А В Е Н  П О В И К Бр.16/2023
за пријавување на заинтересирани лица за именување на 3 (три) члена на
Управниот одбор и 1 (еден) член на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје

1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, објавува Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 3 (три) члена на Управниот одбор и 1 (еден) член на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје, со мандат од четири години, со право на уште еден последователен мандат.

2. Назив на јавното претпријатие: Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје.

3. Шифра и дејност на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје според Националната класификација на дејности (НКД) е:

   - 02.10-одгледување на  шуми и останати  дејности поврзани со шумарството.

4. Надлежности на Јавно претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје се:
   91.03 - Заштита на  историски места и градби, како и слични знаменитости за посетители;
   91.04 - Дејности на ботанички и зоолошки градини и природни резервати;
   01.70 - Лов, траперство и соодветни услужни дејности;
   94.99 - Дејности на други организации врз база на зачленување, неспомнати  на друго  место;
   01.29 - Одгледување на  останати  повеќегодишни посеви;
   02.10 - Одгледување на шуми и останати дејности поврзани со шумарството;
   02.20 - Искористување на шумите;
   02.30 - Собирање на шумски плодови и производи, освен дрва;
   02.40 - Помошни услуги во шумарството;
   03.12 - Риболов во слатководни води;
   16. 10 - Пилење и стружење на дрво;
   46.73 - Трговија на големо со дрва, градежен материјал и санитарна опрема;  
   47. 11 - Трговија на мало во неспецијализирани продавници, претежно со  храна, пијалаци  и тутун;  
   47. 19 - Друга трговија на мало во неспецијализирани продавници;         
   55.20 - Одморалишта и останати објекти за пократок престој;
   55.30 - Кампови, автокампови и простори за кампирање;
   55.90 - Друг вид на сместување;
   56.10 - Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна;
   79.11  - Дејности на туристичките агенции;
   79.12 - Дејности на организаторите на патувања (тур операторите) ;
   79.90 - Останати резервациски услуги и дејности поврзани со нив;   
   01.11  - Одгледување на жита (освен ориз), мешункасти растенија и маслодајно  семе;  
   01.13 - Одгледување на зеленчук, дињи и лубеници, коренест и трупкаст   зеленчук;  
   01.26 - Одгледување на маслодајни плодови;
   01.28 - Одгледување на зачински, ароматични и лековити  растенија  и  на растенија за употреба во фармацијата;  
   01.30 - Одгледување на саден  материјал;
   01.63 -  Дејности кои се  извршуваат  после собираните  посеви;
   01.21 – Одгледување  на грозје; 
   01.30 - Одгледување на вино од грозје ”.

5. Веб страна на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” – Скопје www.jasen.com.mk

6. За член на управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
   - да е државјанин на Република Северна Македонија,
   - има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование и
   - во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
   - членовите на управниот одбор треба да имаат и соодветно работно искуство, и тоа:

  •  два члена на управниот одбор треба да имаат најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, (согласно со Националната класификација на дејностите публикувана од страна на Државниот завод за статистика),
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на финансиско работење,
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на правните работи и
  • најмалку еден член на управниот одбор треба да има најмалку три години работно искуство од областа на техничките науки.

7. За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
   - е државјанин на Република Северна Македонија,
   - има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие и
   - во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност
   - членовите во Одборот за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие треба да имаат и соодветно работно искуство и тоа:

  • еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие, согласно Националната класификација на дејностите на Државниот завод за статистика,
  • еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење и 
  • еден член на надзорниот одбор треба да има најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

8. Со пријавата кандидатите треба да ја достават следната документација:
   1) Образаец за пријавување;
   2) Кратка биографија;
   3) Писмо за интерес/мотивација за позицијата за која аплицира; 
   4) Уверение за државјанство; 
   5) Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува;
   6) Потврда дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
   7) Историјат за вработување од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија со евидентиран стаж;  
   8) Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна морална, материјална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација
   9) Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

9. Документите од точка 8 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пријавување на заинтересирани лица за именување на 3 (три) члена на Управниот одбор и 1 (еден) член на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје “.  

10. Членовите на управниот/надзорниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие- Владата на Република Северна Македонија.

11. Член на управниот/надзорниот одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор. 

12. Неспојливи се функцијата претседател и член на управниот/надзорниот одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија. 

13.Работните задачи, одговорности и обврски на членовите на управниот/надзорниот одбор се утврдени согласно Законот за јавните претпријатија, Статутот на јавното претпријатие и Деловникот за работа на Управниот одбор.

14. Членовите на Управниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје, примаат надомест согласно Одлука на Управниот одбор бр.02-42/1 од 21.1.2016 година, и тоа: претседател: 12.000,00 денари, потпретседател: 11.000,00 денари и член: 10.000, 00 денари.

15. Членовите на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје, примаат надомест согласно Одлука на Управниот одбор бр.02-42/1 од 21.1.2016 година, и тоа: претседател: 12.000,00 денари, потпретседател: 11.000,00 денари и член: 10.000, 00 денари.

16. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 10 работни дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик. 

17. Повикот ќе биде објавен на веб страната на Владата на Република Северна Македонија и на веб страната на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје www.jasen.com.mk

18. Краен датум за пријавување е 25.12.2023 година.

19. Постапката на селекција на кандидатите за членови на управниот/надзорниот одбор на Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „ЈАСЕН” - Скопје ќе го спроведе Комисијата за човечки ресурси и одржлив развој на Владата на Република Северна Македонија и истата се состои од две фази, и тоа: Фаза 1 - административна селекција и Фаза 2 – интервју. За кандидатите за кои при административната селекција се утврди дека не ги исполнуваат условите утврдени во јавниот повик или не ги доставиле потребните докази, постапката на селекција завршува. Административната селекција завршува најдоцна 15 дена по истекот на рокот за пријавување на кандидатите на јавниот повик. Комисијата, најдоцна десет дена од денот на завршување на административната селекција спроведува интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција. Начин на бодување на секоја од фазите на селекција е утврден согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.283/2022).

20. Точниот датум, време и место на одржување на интервјуто се објавуваат на веб- страницата на основачот на јавното претпријатие.

21. Непополнета и нецелосната пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Пропратни документи: