Јавен оглас бр.02/2024 за избор на директор на Инспекторат за употреба на јазиците

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
19.01.2024

Врз основа на член 8 и член 28 од Законот за Инспекторат за употреба на јазиците („Службен весник на Република Северна Македонија“бр. 220/2019 и 42/2020), Владата на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2024
за избор на директор на Инспекторат за употреба на јазиците

1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Инспекторат за употреба на јазиците.    

2.За директор на Инспекторат за употреба на јазиците може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следниве услови:
   1) да има државјанство на Република Северна Македонија;
   2) во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност илидолжност;
   3) да има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
   4) да има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
   5) да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англиски јазик: - ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода, - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, - БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или – АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и
   6) да поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

3. За директор на Инспекторат за употреба на јазиците може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1_1_1.pdf

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1_3_0.docx

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
   1) Пријава по оглас;
   2) Кратка биографија;
   3) Мотивациско писмо;
   4) План и програма за идна работа;
   5) Уверение за државјанство; 
   6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност;
   7) доказ дека има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
   8) доказ дека има најмалку шест години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област; меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англиски јазик:
    - ТОЕФЕЛ ИБТ – најмалку 74 бода, 
    - ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, 
    - ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво, 
    - ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен, 
   - БУЛАТС (BULATS) – најмалку 60 бода или 
   – АПТИС (АPTIS) – најмалку ниво Б2 (B2) и
   9) потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.

5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор директор на Инспекторат за употреба на јазиците “.

6. Бараните документи не ги субституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МИОА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела)

8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005, 71/2005, 2/2006, 8/2006, 46/2006, 18/2007, 94/2007, 103/2007, 126/2007, 138/2007, 39/2008, 137/2008, 154/2008, 63/2009, 76/2009, 144/2009, 39/2010, 63/2010, 158/2010, 5/2011, 75/2011, 133/2011, 70/2012, 82/2012, 161/2012, 172/2013, 16/2014, 21/2014, 99/2014, 116/2014, 152/2015, 161/2015, 218/2015, 19/2016, 71/2016, 189/2016, 126/2017, 102/2018, 108/2018, 209/2018 и 234/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.73/2019, 139/2019, 147/2019, 262/2019, 278/2019, 26/2020, 29/2020, 237/2020, 245/2020, 101/2021, 152/2021, 38/2022, 102/2022, 168/2022, 213/2022, 78/2023 и 277/2023).

9.Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, сметано од  денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија. 

11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.