Генералниот секретар Димовски на настан организиран по повод Светскиот ден на акредитацијата

Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија м-р Методија Димовски, на покана на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија  со поздравно обраќање го отвори настанот организиран по повод Светскиот ден на акредитацијата.

Во своето обраќање Генералниот секретар Димовски се осврна на глобалното влијание и значење на акредитацијата, како и принципот на квалитет и улогата што акредитацијата ја има во формирањето на индустриите, заштитата на потрошувачите и поттикнувањето на меѓународната трговија.

„Денешниот настан е можност да се размисли за нашите постигнувања и повторно да се потврди нашата посветеност кон напредување на практиките за акредитација во нашата држава. Тоа е доказ за заедничките напори на владините институции, организациите за акредитација, индустриските партнери и заинтересираните страни, кои заедно придонесуваат за интегритетот и успехот на нашиот систем за акредитација“, истакна Димовски.