Премиерот Мицкоски оствари средба со Амбасадорката на Кралството Шведска во Северна Македонија, Н.Е. Ami Larsson Jain

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, денеска оствари средба со Амбасадорката на Кралството Шведска во Северна Македонија, Н.Е. Ami Larsson Jain.

На средбата беа разменети ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на европските интеграции на државата. Претседателот Мицкоски ја истакна важноста на соработката со Шведска, потенцирајќи дека поддршката од шведската страна е од големо значење за развојот и стабилноста на земјата.

Амбасадорката Larsson Jain ја потврди посветеноста на Шведска за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изрази подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.