Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење Арбен Фетаи, денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Н.Е Петра Дрекслер, на која и се заблагодари за континуираната германска поддршка за Северна Македонија.
Со амбасадорката се разви отворена и широка дискусија за предизвиците и вонредните состојби со кои се соочуваме како држава во однос на доброто владеење и борбата против корупцијата, но и за неопходните решенија што ќе ги донесеме како нова влада за да ја вратиме довербата кај граѓаните во државните институции и да го забрзаме нашиот европски пат.
Тема на разговор беа и политичките случувања во земјава, каде што вицепремиерот Фетаи ги откри неговите позиции во однос на прашањето за правична и соодветна застапеност на заедниците, статусот на албанскиот јазик и нужното негување на духот на добрата волја меѓу заедниците, во согласност со начелата и духот на Уставот.