Денес, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани оствари средба со Шефица на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија, д-р Афродита Шаља. На состанокот се разговараше за продолжување и продлабочување на соработката во рамките на тековната Програма на УНФПА за нашата земја 2021-2025, согласно Рамката за одржлив развој на ОН 2021-2025.
На состанокот тема на разговор беа и можностите за соработка во рамките на националните ИПА фондови и други клучни прашања поврзани со евроинтеграцискиот процес. Министерот Муртезани се осврна натековните и планирани ИПА проекти и програми комплементарни на областите во кои елува УНФПА. Меѓу нив, вниманието беше ставено на „ЕУ за подобрено здравје, социјална заштита и родова еднаквост“, проект кој е дел од годишната програма на ИПА за 2022 годинаи од кој се очекува значителнода придонесе во подобрувањето на капацитетите за имплементација, усогласеност и спроведување на законодавството за безбедност и здравје при работа, зајакнување на ефективноста на системот за превенција и заштита на родово и семејно насилство, подобрување на квалитетот на социјалните услуги, и подобрување на капацитетите на државата за големи здравствени закани.
Соговорниците се задржаа и на активностите кои ЕУ ќе ги поддржи преку Повеќегодишната оперативна програма за човечки капитал за периодот 2024-2027 година, која предвидува бројни акции посветени на вработување и мобилност на работната сила, социјална вклученост и намалување на сиромаштијата. На крај соговорниците е согласија за понатамошно унапредување на партнерството и соработката во насока на зајакнувањето на родовите прашања, младите и нееднаквостите.