Мицкоски: Борбата против инсталациите на СДСМ и ДУИ ќе биде долга, исцрпувачка и жестока, но македонските граѓани ќе ја добијат заслужената правда

„Што се однесува до одлуката и коментарот на Државната комисија за спречување на корупцијата можам да кажам дека инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и ќе биде жестока борбата со нив. Не очекувам дека ќе биде лесна во обвинителството и во судството.  Затоа што нивната цел, да дадат сѐ од себе за да го уништат обвинителството и судството за да можат нивните вистински стопани, тие малкумина обвинители и судии, да ги заштитат, добива епски размери. И јас ова го зборував на последната собраниска седница кога одговарав на пратенички прашања. 

Често пати во изминативе еве, речиси пет месеци од како сме Влада, се случува да некој од обвинителите имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и така натаму, во моментот кога ќе треба да се преземе резолутна акција против криминалци коишто беа симбол на едно минато владеење седум годишно коешто не треба да ни се повтори. Јас не верувам дека оваа борба ќе биде кратка. Оваа борба ќе биде долга, исцрпувачка, бидејќи се тие жилави. Тие инсталации се жилави, малкумина се, да се разбереме, не се многу. Малкумина се во обвинителството и судството сеуште слепи послушници на претходната Влада од СДСМ и ДУИ, но можам да ви кажам дека ќе победиме. А тоа што сум го кажал, тоа и сум го направил. На крај ќе победиме и тие ќе бидат поразени. Македонските граѓани ќе добијат правда, онаква каква што заслужуваат, а не неправда од страна на малкумина октруирани послушници на претходната Влада на СДСМ и ДУИ, коишто во последен момент секогаш добиваат стомачни напади, вируси, главоболки и температура кога треба да се дејствува против, за жал, криминалците кои беа симбол на едно погрешно владеење седум годишно.“, изјави  претседателот на Владата, Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на Антикорупциска комисија која остро реагира дека именувањата на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители се спротивни на Законот за спречување на корупција и има судир на интереси.