Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии и македонски специјалитети

Во рамки на винската визија Владата организира македонска вечер на која ќе бидат презентирани најдобрите храна, вина и пијалоци.

Ќе има можност да се претстават над 300 мали, средни и големи винарии, да се ужива во македонските специјалитети, а вечерта да виде збогатена со македонските виртуози Андријана Јаневска и Наум Петревски.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот. 

Она што е најважно што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра. 

Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија.