Мицкоски: Поставен е камен темелник на изградба на фабрика за електронски батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево

„Благодарност на тоа што вие медиумите сте секогаш со нас на вака убави настани. Денеска отпочнува една убава инвестиција овдека за овој дел на Македонија, во Кичево. Како што извршниот директор кажа, очекуваме максималниот број на вработени во еден момент да биде 600, зошто да не и повеќе. 

Извозот да биде до половина милијарда евра, максимално очекуваме за 6 до 7 години да порасне. На почетокот ќе биде нормално 50тина милиони , тој ќе се развива. Ова се само докази дека заеднички може да се прави многу, заедно со директорот на ТИРЗ, Гоце и инвеститорот направија многу за да овој проект еве конечно заживее, помина и на Владина седница. 

Сето ова е потребно заеднички да се сработи за да дојдеме до оваа состојба во која што сме денес. Јас сум убеден дека инвеститорот тука нема да застане, дека после оваа инвестиција ќе следи уште, продолжување на инвестицискиот циклус, уште една итн. 

Исто така и други инвестиции во периодот што следи ќе бидат објавувани. Знаете дека очекуваме оваа година до крајот да ја завршиме со рекорден број странски инвестиции, во вредност од повеќе од 1 милијарда евра, со што ќе бидеме најдобри по глава на жител на Балканот. И се враќаме повторно, но сигурно на мапата на инвеститорите иако досега би рекол 7 години бевме заборавени.

Уште еднаш ќе го повторам ставот на оваа Влада, дека оваа Влада има за цел да го подобри стандардот на граѓаните, да отвори нови работни места, а со тоа да ги задржиме младите тука , кај нас во Македонија, да не ни се случува иселување како што беше пракса во минатото.