Почитувани претставници на медиумите,
Почитувани присутни,
Грижата на една влада за своите граѓани се гледа во капацитетите кои ќе ги изгради и ресурсите кои ќе ги стави на располагање.
Со оваа прес-конференција сакаме да го одбележиме и најавиме почетокот на реконструкцијата на два витални капацитета, за коишто веќе претходните говорници зборуваа во детали, тоа е Градската болница 8 Септември и аеродромот во Охрид Св. Апостол Павле.
Здравството, морам да напоменам, беше една од најзапоставените области каде континуираната негрижа од минатата влада доведе до распаѓање и на така дотраените болници и капацитети. Тука морам да оддадам почит на голем дел од посветениот здравствен кадар, кој и во едни такви услови продолжи да работи посветено и во едни супстандардни услови го дава својот максимум.
Нема да се повторувам од тоа коешто го кажаа претходните говорници, за техничките карактеристики на овие два проекта, за сето она што ќе биде реновирано итн. Само на крај би сакал да изразам благодарност до потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, до министерот за здравство Арбен Таравари, како и до директорот на болницата 8 Септември д-р Синиша Стојаноски за нивната посветеност и ангажираност во реализацијата на овие проекти.
Се на се, ова се крупни инвестиции и зафати за објекти кои се од суштинско значење за нашата држава. Посветено продолжуваме да решаваме проблеми, да создаваме додадена вредност и да се бориме за подобар живот на граѓаните. Важно е да се знае дека мора да одиме напред и Македонија повторно да биде ваша.