Интервју со кандидатите по објавениот Јавен повик бр. 01/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор на јавните претпријатија
Институција која огласува:
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување:
28.02.2025
Комисијата за селекција, по објавениот Јавен повик бр. 01/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор на јавните претпријатија основани од Владата на Република Северна Македонија, известува дека на ден 28.2.2025 година (петок) со почеток во 11:30 часот, во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Сала 3 (до Архивата), ќе се спроведе интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција.