До: д-р Емил Заев, претседател на Евангелско-методистичката црква, свештенството и сите верници
Во овие свети денови на Велигден, кога го славиме Воскресението на нашиот Спасител, упатувам искрени честитки до Вас и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во Македонија.
Вашата заедница е пример за духовна посветеност, љубов и служба кон ближниот. Вашиот придонес во градењето на морални вредности и хуманост, како и во поддршката на социјално ранливите, е значаен дел од ткивото на нашето општество.
Во време кога многу луѓе се соочуваат со осаменост, сиромаштија и неизвесност, Владата ќе продолжи да поддржува политики кои ги афирмираат вредностите на социјална правда, грижа за сиромашните, заштита на достоинството и слободата на секој поединец. Во тоа, вашата црква е вистински партнер во создавање на општество со сочувство и солидарност.
Нека Воскресението донесе радост, мир и благослов во Вашите срца и домови.
Среќен Велигден!
Со почит,
Христијан Мицкоски,
Претседател на Влада на Република Северна Македонија