Почитувани,
Во име на Министерството за односи меѓу заедниците и во мое лично име, упатувам искрени честитки по повод 24 Мај – Св. Кирил и Методиј, Денот на сесловенските просветители. Овој значаен ден има особено место во културниот и духовниот календар на сите словенски народи, бидејќи го слави делото на светите браќа, кои ги поставија темелите на словенската писменост, образование и духовен развој.
Делото на Кирил и Методиј е повеќе од историска оставнина – тоа е жива инспирација и потсетник дека писменоста е клучот кон знаење, напредок и слобода, а образованието – највредната инвестиција во иднината на секое општество.
Создавањето на глаголицата и ширењето на христијанските вредности и писменоста оставија неизбришлива трага во историјата на словенските народи.
Нека 24 Мај биде ден на гордост, благодарност и поттик за продолжување на нивната визија и нека нѐ потсетува дека писменоста и образованието се темели на секое современо и просперитетно општество.