Во моментот имаме два огласи кој што ги има објавено Министерството за образование и наука. Околу 340 милиони денари се ставени на располагање за финансирање на научно- истражувачки проекти и апликации, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски посочи дека двојно е зголемен буџетот за наука и научна дејност.
Ги повикувам колегите од универзитетите да поднесат барање, тоа е многу важно. Но, истовремено сакаме да кажам дека вкупниот фонд за наука е зголемен од мислам дека некаде околу 5,5 милиони евра во 2024 година, на 670, 680 милиони денари, речиси двојно во 2025 година. Тоа не е доволно, се разбира, истакна тој.
Како човек кој доаѓа од науката, кој што доаѓа од УКИМ, не е доволно, треба уште, но мислам дека е подобро од тоа што беше во минатото. И се надевам во годините коишто следат ќе имаме уште повеќе да понудиме за науката бидејќи науката е двигател на развојот на една држава, вели Мицкоски.