Министерот за економија и труд, г. Бесар Дурмиши, денеска оствари протоколарна средба со вршителот на должноста амбасадор на Државата Катар во Република Северна Македонија, Н.Е. Рашид Бин Саид Ал-Кајарин.
Двајцата соговорници разговараа за натамошно унапредување на економските односи помеѓу двете земји. Посебен акцент беше ставен на продлабочување на соработката во областа на инвестициите, вработувањето и инфраструктурните проекти од взаемен интерес.
Во разговорот беше нагласена потребата од унапредување на трговската размена, како и продлабочување на соработката во секторите како што се агро-бизнисот, преработувачката индустрија, логистиката, ИКТ и туризмот.
Министерот Дурмиши ја потврди подготвеноста на Министерството за економија и труд да биде активен партнер и сервис на катарските инвеститори, и да обезбеди поддршка во реализација на конкретни проекти.
Средбата заврши со заедничка определба за зголемување на економската динамика и зајакнување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Државата Катар.