Мицкоски: Се реконструира гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, од каде произлегле академици и научници

Добар ден и од мене, би сакал да му се заблагодарам на градоначалникот, на министерката, на пратениците од парламентот, на сите кои што денеска се тука со нас, во овој навистина убав и за нас сите чин на голма возбуда и задоволство бидејќи почнува реконструкција на еден објект од кои што се излезени многу академици, професори, научници, градоначалник.

Така што сигурен сум дека и во иднина од овој објект ќе излегуваат многу луѓе кои што ќе додадат вредност не само за Тетово, него и за Македонија како држава. Ја користам оваа прилика исто така да споменам дека штотуку завршениот втор повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа, општина Тетово добива практично финансирање на проекти во вредност од околу 11, 5 милиони евра. Ако на ова се додадат од првиот повик 3, 7 доаѓаме до сума поголема од 15 милиони евра. Тоа не се само пари, тоа не е само асфлт и бетон, тоа значи подобар живот за граѓаните, поквалитетен живот за граѓаните, нешто што досега не се случило во историјата не само во Тетово, туку и во цела држава.

Продолжуваме понатаму со реализација на ветеното, продолжуваме понатаму во реализација на она кое што граѓаните го очекуваат од нас како Влада. Помина времето кога се крадеше, сега е време кога се гради; во Тетово и во цела Македонија. Тоа е разликата помеѓу оваа Влада и овој градоначалник и она кое што беше во минатото и минатата Влада. Така што, уште еднаш нека ни е со среќа денот, нека ни е аирлија и учениците, средношколците нека си го користат со успех и со петки, со највисоки оценки, се разбира.

Што се однесува до донацијата, тоа е донација која што  од општествено- одговорна компанија; истата таа компанија ќе споменам донира исто така објект во оваа сума и во општина Теарце, односно комплетно го реновира канализациониот систем во општина Теарце, кој што треба да заврши со прочистителна станица. Како што знам и политичката партија која што е сега во опозиција ДУИ предвреме се фалеше дека реализирала ваков еден проект во општина Теарце на социјалните медиуми.

Така што нека му е со среќа и на Теарце и на теарчани, нека е со среќа и на Тетово и на тетовчани. Уште многу вакви проекти, уште многу вакви општествено- одговорни компании ако има ќе имаме поубаво општстево, ќе имаме поубави градови, ќе имаме поубави општини, ќе имаме посреќни луѓе. Тоа е целта на нас политичарите.

Ви благодарам.