Мицкоски на увид на три проекти: Со одлична динамика се реализираат проектите во Општина Петровец

Добар ден и од мене. За мене претставува задоволство кога ќе можеме да направиме увид на градежни работи коишто се случуваат на целата територија на државата, тоа е многу важно, бидејќи сепак тоа се проекти коишто наскоро ќе бидат завршени и ќе бидат ставени во функција.

Без разлика дали станува збор за спортска сала, дали станува збор за водоводни или канализациони системи, за нови локални, регионални патишта, сето тоа претставува дел од онаа наша цел и заложба како Влада да додадеме вредност во квалитетот на животот на македонските граѓани. 

Јас му честитам на градоначалникот бидејќи гледам дека со одлична динамика во општина Петровец се развиваат проектите. Од тука продолжуваме и на друго место да направиме увид во проекти коишто се дел од програмата на Владата којашто ги финансира тие проекти преку соодветните министерства. 

Самиот градоначалник кажа дека тие се дел преку Министерството за транспорт, дел преку други министерства, така што многу е важно да бидеме присутни, континуирано да вршиме мониторинг, увид во работите коишто се завршуваат, бидејќи наскоро од денес сите овие работи ќе имаат корисници и тоа е добро. Добро е кога се гради, кога се развива, јас само сакам да продолжиме во таа насока и ние како Влада, но и градоначалниците до крајот на овој мандат и понатаму сите оние градоначалници коишто ќе ја добијат довербата на локалните избори. Силно верувам дека најголемиот дел од тие градоначалници ќе бидат од моменталната владина коалиција, ќе продолжиме да ги развиваме општините онаму каде што претходната владина коалиција и Влада не успеа, бидејќи кај нив филозофијата беше подобро да крадат, отколку да градат. Но, кај нас филозофијата е спротивна-да градиме, наместо да правиме работи коишто не се добри.“