Првиот вицепремиер и Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес изврши увид во градежните активности во населба Саат Кула, општина Чаир, која долги години беше запоставена од централната власт.
Во тек е реализација на проект вреден 59.861.572 денари за изградба на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација на девет улици: ул. 157, 397, 2, 1, 178, 156, 374, 150 и 177. Проектот има рок за завршување од 12 месеци и ќе овозможи подобрување на условите за живот на над 2000 жители.
Министерството и Владата продолжуваат посветено да работат на конкретни инфраструктурни проекти кои директно го подобруваат животот на граѓаните.