Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со постојаниот координатор на ОН, г-ѓа Рита Колумбиа

Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, г-ѓа Рита Колумбиа.
Средбата се одржа во конструктивна атмосфера, при што беа разменети мислења за низа актуелни теми, со фокус на политичките и економските предизвици, како и унапредувањето на меѓуетничките односи во државата. Вицепремиерот Стоилковиќ го истакна значењето на долгогодишната поддршка од Обединетите нации и ја изрази благодарноста за нивниот придонес во развојните и интегративните процеси на земјата.
Соговорниците разговараа и за тековните активности и проекти што се реализираат со поддршка на агенциите на ОН, при што беше нагласена одличната институционална соработка на сите нивоа и во различни области.
На крајот од средбата, беше изразена заедничка подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со цел поттикнување на одржлив развој, инклузија и стабилност во државата.