ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ЛИСТАТА НА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ ЗАРАДИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА СТУДЕНТИ ЗА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРОНСКИ УРЕДИ
Врз основа на член 9 од Законот за издавање на вредносни ваучери („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154 од 29.07.2025 година, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ЛИСТАТА НА ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ ЗАРАДИ РЕАЛИЗАЦИЈА НА ВРЕДНОСНИ ВАУЧЕРИ ЗА СТУДЕНТИ ЗА НАБАВКА НА ЕЛЕКТРОНСКИ УРЕДИ
1. ЦЕЛ НА ПОВИКОТ
Целта на овој јавен повик е да се создаде партнерство со економски оператори, кои ќе бидат запишани во Листата на економски оператори за реализација на ваучерите и ќе им овозможат на студентите да ги искористат ваучерите при купување на електронски уреди.
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на овој Јавен повик имаат сите економски оператори кои ги исполнуваат следните критериуми:
- Да се регистрирани за вршење на дејност: Трговија на мало со електрични апарати за домаќинство или Трговија на мало со информатичка и комуникациска опрема (се докажува со доставување ДРД образец издаден од Централен регистар на Република Северна Македонија)
- Да имаат најмалку 2 (две) специјализирани продавници за трговија на мало на целата територија на Република Северна Македонија (се докажува со доставување на Тековна состојба, доказ за физички продажни места со адреса, локации)
Економските оператори покрај доказите за исполнување на критериумите од овој јавен повик, изјавуваат дека се согласни со условите дефинирани во Законот за издавање на вредносни ваучери („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 154 од 29.07.2025 година) и Упатството за начинот и постапката за спроведување на јавен повик за економски оператори за реализација на вредносни ваучери за електронски уреди објавено на веб-страницата на Владата на Република Северна Македонија на ден 01.08.2025 година.
3. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Барањето за учество на овој Јавен повик се доставува електронски преку Националниот портал за електронски услуги (во понатамошниот текст: Порталот) и тоа најкасно во рок од 10 дена од денот на објавување на овој повик на Порталот.
4. ИЗБОР И ОБЈАВУВАЊЕ НА ЛИСТАТА НА ОПЕРАТОРИ
Сите барања ќе бидат административно проверени од страна на Комисија формирана од страна на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија.
Операторите кои ги исполнуваат условите ќе бидат запишани во Листата на економски оператори за реализација на ваучерите за набавка на електронски уреди, која ќе биде објавена на веб страницата на Владата:www.vlada.gov.mk, во рок од седум дена од денот на извршениот упис.
5. КОНТАКТ
За сите дополнителни информации, заинтересираните оператори можат да се обратат на:
-е пошта: vauceri@gs.gov.mk
-телефон: +38923118022