Потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ денеска присуствуваше на прием организиран од страна на претседателот на Р Србија Александар Вучиќ, а во чест на младите спортисти, учесници во кампот „Србија те зове“.
Шестиот по ред годишен спортско-едукативен собир на деца и млади од дијаспората „Србија те зове“ започна во комплексот на Домот на ученици од средните училишта „Патријарх Павле“ во Белград, а дел од него беа и деца од нашата земја.
Инаку, на приемот одржан во Палатата Србија освен вицепремиерот и министер Стоилковиќ присуствуваа и српскиот министер без ресор задолжен за односи со дијаспората Ѓорѓе Милиќевиќ, како и тамошниот министерот за спорт Зоран Гајиќ.
На кампот отворен на 2 август учество зедоа рекорден број деца – вкупно 436 од 18 различни земји, меѓу нив најбројни беа од Босна и Херцеговина и РС Македонија, а покрај спортските активности, кампот имаше и воспитно образовен карактер, преку дружење и создавање нови пријателства, исто така, и запознавање со богатата историја и туристичките убавини на Белград.