Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, се осврна на најновите податоци од Државниот завод за статистика во врска со прометот на услугите и неговото влијание врз економијата, при што изјави дека тоа е уште еден од низата параметри и индикатори коишто покажуваат дека конечно започнуваме да се развиваме. Во второто тримесечје, во вториот квартал, имаме пораст во делот на услугите за 3,5%. Охрабрувачки е и што во првите седум месеци, од јануари до јули, во делот на туризмот имаме над 10%, повеќе туристи споредено со истиот период од минатата година.
„Тоа е уште еден од низата параметри и индикатори коишто велат дека конечно започнуваме да се развиваме. И тоа е причината, сите оние центри на моќ, на коишто не им одговара Македонија да биде повторно водечка и во економијата, и во мирот, и во стабилноста, и во меѓуетничките односи во регионот, да предизвикуваат тоа што го прават изминативе денови.
Во второто тримесечје, во вториот квартал, имаме пораст во делот на услугите за 3,5%. Но, она што за мене е исклучително важно и охрабрувачки е што во првите седум месеци, од јануари до јули, во делот на туризмот имаме за 10%, за 10,5% повеќе туристи споредено со истиот период минатата година. Очекувам таа бројка до крајот на годината да биде и до 15%, што ќе биде најголем раст во регионот, убедливо.
Истовремено, ќе ми дозволите да потсетам дека во првите седум месеци бројот на странски гости и туристи, коишто ја користат Македонија како место за одмор, е зголемен за 15% споредено со истиот период минатата година. Очекувам до крајот на годината таа бројка да биде околу 25%“, информираше премиерот.
Тој нагласи дека токму овие индикатори ги загрижуваат центрите на моќ.
„Така што, сите овие индикатори ги загрижуваат овие центри на моќ, коишто не сакаат оваа Влада да успее, коишто не сакаат Македонија да биде стабилна, мирна и просперитетна. И тие се обидуваат со ваков тип на лешинарење и подметнување да функционираат. Но, ќе повторам – ние ќе се бориме и ќе ги победиме!“ истакна Мицкоски.