Промовирани три портали за подобрување на конкурентноста на македонските компании

Бизнис секторот во Македонија од денеска ќе има полесен пристап до неопходните информации за подобрување на конкурентноста. Тоа го овозможуваат трите нови портали www.konkurentnost.mk, www.ener.gov.mk и www.investiinmacedonia.com/export што денеска ги промовираше  Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот.

Порталите  се изработени во соработка со министерствата за економија и за информатичко општетство и администрација и Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Порталот www.konkurentnost.mk е хостиран од Министерството за економија и преку него бизнис  секоторот и другите инвеститори на едно место можат да ги најдат сите владини политики и програми во делот на индустриската политика, како и едукативни публикации и корисни информации за фирмите и аналитичарите од аспект на конкурентноста и релевантните стратешки документи. Ажурираниот портал на единствениот национален електорнски регистар на прописи www.ener.gov.mk е хостиран од Министерството за информатичко општество и администрација и во него покрај постојаните прописи во земјава се содржани и предлог законите  на министерствата во фаза на нивна подготовка. Порталот www.investiinmacedonia.com/export е хостиран од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и претставува примарно промотивно средство за компаниите кое овозможува бесплатно креирање на профил.

Министерот за економија Ваљон Сарачини го повика бизнис секторот максимално да го користи порталот www.konkurentnost.mk, кој, како што кажа, е создаден токму за нив. 

Порталот, нагласи, обезбедува,  транспарентен, прегледен, систематизиран и поедноставен систем за информирање на деловната  заедница за сите програми и мерки за поттикнување на конкурентноста, но и условите и постапките за аплицирање, сите објавени повици во сите  министерства и државни институции, стратешките документи  и многу други корисни информации, материјали и линкови. Покрај тоа, обезбедува и лесно достапни информации за Европските фондови, проекти  на кои можат да аплицираат македонските деловни субјекти, како и иинформации за повеќето донаторски проекти кои се активни во земјава. 

- Создавањето на конкурентна економија базирана на претприемнички дух, иновации и знаења ориентирана кон извоз е еден од главните приоритети  на Република Македонија, рече Сарачини.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски рече дека воведувањето и користењето од страна на засегнатите страни на порталот www.ener.gov.mk е од огромно значење за целокупниот процес на консултации и подготвување на регулативата и затоа е многу значајно неговото континуирано усовршување и унапредување.

Порталот, додаде, е алатка наменета за електронско информирање  на граѓаните, невладините организации, стопанските комори, бизнис асоцијациите, правните лица, претставниците на Владата и на одделенијата во министерствата кои работат на нови регулативи. Помага во спроведување на соодветни и временски координирани консултации со јавноста преку доставување на предлози, мислења и забелешки од засегнатите страни.

- Главната цел на Владата е обезбедување на висок квалитет на јавни услуги за граѓаните и бизнисите преку искористувањето на моќта на технологиите и иновациите. Заедничките напори заедно со граѓаните, бизинис заедницата и невладиниот сектор барат постојана посветеност, но и вложување во нови модалитети  на меѓусебна соработка и размена на информации, рече Ивановски. 

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида нагласи дека целта на порталот www.investiinmacedonia.com/export е да ги поврзе македонските извозници со потенцијалните клиенти во странство.

Во него, потенцира, секоја заинтересирана компанија за извоз може да ги внесе основните податоци и параметри поврзани со нејзиното работење и производите и услугите кои сака и има потенцијал да ги извезува. Истовремено овозможува компаниите редовно да можат да добиваат информации поврзани со извозните активнсоти на Агенцијата за странски и нвестиции и промоција  на извозот, на партенреските организации како стопански комори, бизнис аосоцијации и донатори, како и информации за позитивните практитки од имплементираните извозни активнсоти на други држави и компании.

- Агенцијата ќе се труди благовремено да обезбеди пазарни информации  за трендовите на пооделни европски пазари кои ќе го олеснат  процесот на деловно одлучување на тековните и потенцијалните извозници од нашата земја, рече Фида.

Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс рече дека денеска промовираните три портали се во насока на подобрувањето на конкурентноста на македонското стопанство и обезбедување соодветни услуги на извозно отриентираните компании.

- Со користењето на овие софтверски решенија македонските компании ќе бидат во можност  да воспостават виртуелни бизнис линии и да се поврзат електронски  со потенцијалните  клиенти од странство. Исто така ќе бидат во можност да учествуваат во криерањето на законската регулатива во партнерство со јавниот сектор, рече Волерс.

Полесниот пристап до информациите содржан на овие портали, додаде, ќе обезбеди зголемен извоз, помудро креирање на политики и ќе доведе до зголемување на инвестициите и бројот на работните места.