Груевски: Со стратегијата за иновации ќе направиме дополнителен напредок на конкурентноста

 Македонија е повторно меѓу најдобро рангираните земји во Европа според најновата ранг листа за водење бизнис на Форбс. Ова уште еднаш ја покажува нашата добра политика и резултатите кои ги имаме на полето на создавање добра бизнис клима и е сериозна препорака за инвеститорите, оцени премиерот Никола Груевски.

- Ние сме пред осум земји членки во Европската унија и пред сите земји во Централна и Источна Европа и 37 место според листата на Форбс е добра вест за Македонија, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање по ажурирањето на партиското членство во Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода.

Тој заклучи дека земјата добро стои според заштитата на инвестиции и даночниот систем, а послабо според иновациите заради што формиран е Комитет за развој на иновативната мисла во Република Македонија и поддршка на оние компании кои сакаат да вложуваат во иновации.

Комитетот кој се состанува еднаш во месец и пол-два, премиерот информира дека донел стратегија која претходно била консултирана со повеќе домашни и странски консултанти и е усвоена од Владата.

- Меѓу другото стратегијата предвидува да се формира Фонд за иновации од кои ќе се поддржуваат компаниите кои ќе имаат иновации во своето производство и работење. Тој Фонд ќе биде стимул на компаниите повеќе да се ориентираат кон иновации кои ќе го унапредат нивното производство и продажба, а со тоа и растот на компанијата што ќе предизвика и отворање на нови работни места, рече Груевски.

Ваквиот чекор, тој смета дека на Македонија ќе и помогне да ја подобри својата позиција на ранг листата на Форбс, но и на сите други кои ги следат тековите на иновациите.

Македонија претходно се најде на врвот и на многу други ранг листи најнапред споредено со сите земји со Централна и Источна Европа, но и со многу земји членки на Унијата. Една од тие е Дуинг бизнис кои го изработува Светската банка, а земјата се наоѓа и на листа на повеќе други значајни институции во кои се истакнуваат резултатите во однос на даноците и добрите правила за почнување бизнис и повеќе други работи.