Груевски: Црвенковски работи за личен интерес, а на штета на граѓаните

СДСМ има неразумно и штетно однесување за граѓаните и за Република Македонија. Главната цел на Бранко Црвенковски е ако може да се извлече на овие локални избори и да не излезе на изборите и на тој начин да прикаже пред партијата дека не претрпел нов пораз и не треба да се повлекува од претседателската позиција, нагласи премиерот Никола Груевски по денешната средба на лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.

- Тој тргнува од личните, а не од партиските интереси и затоа смислува разни работи со кои ќе блокира, ќе уценува, ќе создава хаос. Тој размислува како да блокира, како да создаде хаос од кој граѓаните ќе станат разочарани од Владата, од ВМРО-ДПМНЕ, од нашите коалициски партнери и да речат бидејќи е  вака на наредните локални избори ние нема да гласаме за нив, рече Груевски.

Според него, очигледно е дека Црвенковски сака да се направи хаотична ситуација, да се направи криза, пензионерирте да не можат на земат пензии, покачувањата да не се остварат, социјалнитее случаи да не можат да добијат зголемување, земјоделците да не можат да ги добијат субвенциите ...

- СДСМ манипулира и ги лаже граѓаните дека тие се борат за да го спречат грчкото сценарио во Република Македонија, изјави премиерот Груевски.

Според него, тоа е една од алатките со кои се обидуваат барем нивните членови да ги задојат со некаква доза на верба како да прават нешто корисно за државата.