Средба на министерот Поповски со парламентарна делегација од индонезискиот Претставнички дом
Билатерална соработка меѓу Македонија и Индонезија и можностите за нејзино унапредување, беа тема на денешната средба на македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски со членови на парламентарната делегација од Претставничкиот дом на Република Индонезија.
Според соопштението од Министерството за надворешни работи, членовите на индионезиската делегација информирале дека по посетата на министерот Попоски на Индонезија, во финална фаза се договорите за одбегнување двојно оданочување и за заштита на инвестициите, со што ќе се овозможи поефикасна соработка меѓу двете земји. - Во таа насока беше заеднички констатирано дека меѓусебните контакти и размена на посети треба да продолжи, при што од особена важност е засилувањето на економската соработка. Индонезија е земја со динамичен економски раст и има интерес за поголемо присуство во овој регион. Република Македонија може да биде интересна бизнис дестинација за компании од различни области и инвестициски активности, се вели во соопштението.
Министерот Попоски истакнал дека постои економски потенцијал меѓу двете земји што треба да се искористи и ги презентирал поволните услови за инвестиции и водење бизнис во Македонија. Нагласил дека со воспоставувањето директни контакти меѓу стопанските комори и бизнис заедниците од двете земји, се отвора можност за зголемена економска соработка и реализација на конкретни проекти.