Средба на премиерот Груевски со српскиот претседател Николиќ
Премиерот Никола Груевски попладнево во Белград оствари средба со српскиот претседател Томислав Николиќ, на која ги истакнале добрите односи меѓу двете земји.
На средбата, Николиќ, уште еднаш нагласил дека стабилноста на регионот на ЈИЕ е еден од приоритетите на политиката што ја води државниот врв на Србија и изразил очекување дека Србија кон крајот на јуни ќе добие датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Притоа, изразил надеж дека Македонија успешно ќе ги заврши евроинтеграциите.
Груевски истакнал дека односите меѓу Македонија и Србија се на високо ниво и укажал на потребата тие и натаму да се унапредуваат, пред се на економски план. Тој нагласил дека и Македонија и Србија ги исполниле сите критериуми за почеток на преговори со ЕУ и дека двете земји треба да соработуваат во текот на тој процес.