Министерство за јавна администрација
Министерството за јавна администрација ги врши работите што се однесуваат на:
• законското уредување на прашањата во врска со администрацијата;
• надзорот и обезбедувањето на единствена примена на прописите што се однесуваат на државните и јавните службеници;
• развивањето на политиката поврзана со правата, обврските, одговорностите и оценувањето на државните и јавните службеници;
• класификацијата и описот на работните места, платите и надоместоците на плати на државните и јавните службеници;
• водењето Регистар за вработените во јавниот сектор;
• подготвувањето стратешки документи за ефикасното и ефективното работење, обуката и стручното усовршување на државните и јавните службеници, организирање и спроведување на обуката;
• развојот и координацијата на политиките во врска со управувањето со човечките ресурси;
• реформата во јавната администрација;
• остварувањето на меѓународна соработка по прашања од негова надлежност;
• државната управа;
• управната постапка;
• управниот надзор и
• врши други работи утврдени со закон.
Во состав на Министерството за јавна администрација е Државниот управен инспекторат.