Клиника за нефрологија: За три години изведени се 55 трансплантации на бубрези, 10 се од починат дарител

Од Клиниката за нефрологија информираат дека во последните три години (период 2017-2020), направени се вкупно 55 трансплантации на бубрези. Од вкупниот број, од починат дарител се изведени 10 трансплантации, со што 10 пациенти добиле бубрег.

- Во 2020 година, пред почнувањето на ковид пандемијата беа изведени четири трансплантации од жив дарител. Во месец мај 2020 год, во екот на пандемијата беше изведена првата кадаверична трансплантација од која органи добија двајца пациенти (кај еден пациент трансплантираниот бубрег не беше прифатен). Во текот на вчерашниот и денешниот ден тимовите од Клиниките за нефрологија и урологија изведоа две кадаверични трансплантации - двајца пациенти добиваат бубрег. На пациентите им посакуваме успешен тек во процесот на опоравување, порачуваат од Клиниката.

Со трансплантацијата на бубрези, пациентите повеќе не одат на дијализа и квалитетот на живот значително им се подобрува.