Почитувани,
На 50тина училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели.
Неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа.
Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други инфраструктурни проекти, дигитални помагала за учениците во училиштата, како и за учебници.
Нашата заложба како Влада е да ја зголемиме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија.
Со конкретни чекори, мерки и проекти, не само што заштедуваме буџетски средства, туку и придонесуваме за намалување на загаденоста на животната средина.
Владата работи со визија и цел, а тоа е подобрување и унапредување на образовниот систем.
Се обврзавме пред граѓаните, реализираме и исполнуваме.
Државата е на патот на промените.