Апсолутно сум задоволен. Имаме 16 нови дестинации. Буџетот за субвенционирање е зголемен на 250 - 260 милиони денари оваа година, а истиот ќе биде и следната година, вели Христијан Мицкоски, претседател на владата одговарајќи на новинарско прашање во однос на субвенционираните летови.
Премиерот Мицкоски истакна дека резултатите се видливи и во секторот туризам, бидејќи како што посочи за повеќе од 20 проценти е зголемен бројот на странски туристи во државата во првите 5 месеци од годината.
Впрочем резултатите се гледаат и во секторот туризам, имаме повеќе од 20 проценти зголемен број на странски туристи во првите 5 месеци од годината. И ова се субвенции на доаѓање, практично на тие летови, не на заминување, и во таа насока ќе продолжиме и во периодот кој што следи, нагласи Мицкоски.