Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2020 година (понеделник), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Исто така согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2020 година (понеделник) е неработен ден и за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Северна Македонија, Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница и на граѓаните припадници на еврејската заедница, им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците и првиот ден на Јом Кипур.