Се одржа седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјата, како прва седница по изборот на новата Влада

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска претседаваше со седницата на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница во земјата, како прва седница по изборот на новата Влада.

Советот, како тело кое што ја координира безбедносно-разузнавачката заедница во врска со прашања од интерес на националната безбедност, покрај претседателот на Владата, кој претседава со седниците, го сочинуваат и првиот заменик на претседателот на Владата, задолжен за координација на политичките прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи, директорот на Агенцијата за национална безбедност, директорот на Агенцијата за разузнавање и раководителот на надлежната организациска единица за воена безбедност и разузнавање во Министерството за одбрана, како и секретарот на Канцеларијата на Советот.