Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во својот кабинет ја прими амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, Н.Е. Анке Холштајн.
На средбата, германската амбасадорка посакувајќи ѝ успешно реализирање на поставените цели за време на мандатот, со вицепремиерката Грковска разговараа за повеќе актуелни прашања, со фокус на целите и реализацијата на визијата за унапредување на принципите на добро управување, одговорност, отчетност, транспарентност и чесно работење.
Вицепремиерката Грковска истакна дека нејзина најголема определба е остварување на процесите кои се клучна алатка во борбата против корупцијата, меѓу кои дигитализацијата односно воспоставувањето на електронски систем за пријавување корупција и воспоставувањето на партнерство со останатите институции, како и преземање мерки во насока на зголемување на нивната професионализација.
Соговорничките се согласија и изразија подготвеност за соработка и поддршка во насока на подобрување на мерките и законската рамка во делот на потеклото на имот и јакнење на капацитетите на финансиските институции.
На средбата беше посочено дека реформите во јавната управа и администрација со јасно утврдени надлежности и одговорности ќе помогне во остварувањето на основните и напредни принципи на добро управување како стратешки принципи на политиките на оваа Влада.