На 26-ти октомври 2022 година (среда) со почеток во 18:15 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со владина делегација, ќе ја пречека претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лејен.
Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски е во состав: заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши.
Во продолжение ви ги праќаме деталите од агендата за ваше информирање:
17:40-18:10 часот - пристигнување на фоторепортери и сниматели во Медија центар во Влада. Заинтересираните фоторепортери и сниматели може да го проследат официјалниот пречек на претседателката на Европската комисија Фон дер Лејен во живо.
Претставниците на медиумите кои сакаат да го проследат официјалниот пречек онлајн, можат тоа да го направат преку следниот линк: Официјален пречек на претседателката на Европската комисија
18:15-18:25 часот - Пристигнување на претседателката на Европската комисија Фон дер Лејен на плато пред Владата - официјален пречек со највисоки почести.
По завршувањето на официјалниот пречек, фоторепортерите и снимателите се враќаат во Медија центар, додека делегациите продолжуваат на тет-а-тет и билатерални средби.
18:46-18:52 часот - Потпишување на Договор помеѓу Република Северна Македонија и Европската Унија за оперативни активности спроведени од страна на Агенцијата за Европската гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија. Заинтересираните фоторепортери и сниматели можат да го проследат потпишувањето на Договорот во Свечената сала на Владата.
19:00-19:45 часот - Заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и претседателката Фон дер Лејен и новинарски прашања (формат 2+2).
Претставниците на медиумите кои сакаат да ја проследат прес-конференцијата онлајн, можат тоа да го сторат преку следните линкови:
Прес-конференцијата на македонски јазик