Министерот за правда Никола Тупанчески присуствуваше на промоцијата на новата судница во Основниот кривичен суд Скопје како дел од оперативниот план за дигитализација на правосудството. Пристапот до правдата доживува целосна трансформација, а придонесот на информатичката технологија нуди бенефити кои нужно ќе доведат до унапредено судство, заштита на човековите права и приближување до вредностите на правдата и правичноста, квалитетниот пристап до правдата.
,Државата е одлучна во процесот за постигнување на дигитална трансформација на правосудството. Обезбедени се финансиски средства и веќе во сите судови е набавен новиот сервер. Извршена е навремена и соодветна опременост на судовите со ИКТ опрема. Модерните европски дигитални текови се присутни во нашиот правосуден систем и го поттикнуваат враќањето на довербата во судството. Пристапот до правдата доживува целосна трансформација, а придонесот на информатичката технологија нуди бенефити кои нужно ќе доведат до унапредено судство, заштита на човековите права и приближување до вредностите на правдата и правичноста”, рече Тупанчески.
Министерот за правда во своето обраќање се осврна и на активностите за целосно оспособување и ставање во употреба на кривичната судница која што се наоѓа во Затворот „Идризово“, каде што Кривичниот суд ќе биде титулар на истата, со целосно опремување и користење на најсовремените дигитални алатки, што дополнително ќе ги забрза постапките кои што се водат пред овој суд.