На денешната прес-конференција на портпаролите на Влада, портпаролот Душко Арсовски го презентираше енергетскиот биланс за производството на електрична енергија на АД ЕСМ за ден 06.12.2022 година.
Тој рече дека АД ЕСМ на 06.12.2022 година произведе 12.580 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи. Во Термоелектраните произведени се 10.100 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.480 MWh.
Воедно портпаролот Арсовски додаде дека во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 3.350 MWh електрична енергија. Како што подвлече тој, станува збор за електрична енергија наменета за болници, градинки, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.
Портпаролот Арсовски рече дека податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 06.12.2022 година.