Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во рамки на дводневната работна посета на Шведска, оствари средба со заменик претседавачката на Комитетот за ЕУ прашања во шведскиот Парламент, Матилда Еркранс и пратеникот Аднан Дибрани.
На средбата разговараа за следните обврски и задачи кои ги имаме на патот кон ЕУ и улогата на македонското Собрание во динамиката на преговорите со ЕУ.
-Напредокот ќе зависи од проактивноста и соработката на Собранието во исполнувањето на обврските и задачите кои ги имаме. Реформите и непреченото усвојување на европското законодавство ќе ја забрзаат евроинтеграцијата, а помошта и размената на искуства со пратениците во шведскиот Парламент ќе бидат олеснување на патот кон ЕУ, рече на средбата Маричиќ на средбата со Матилда Еркранс.
Соговорниците изразија задоволство од заложбата и фокусот што го има шведското претседавање со ЕУ на Западен Балкан, потенцирајќи ја важноста Северна Македонија да го искористи моментумот и наклонетоста која ја има од земјите членки за напредок во преговорите со ЕУ.
Од страна на шведските пратеници беше потврдена одличната соработка која ја имаат парламентите на двете земји и дека можеме да сметаме на поддршката од шведскиот парламент за унапредување на парламентарните процедури, особено во време додека Шведска претседава со Советот на Европската Унија.
Маричиќ се заблагодари за искрената и континуирана поддршка што ја имаме за европската интеграција и на барање на пратениците брифираше за текот на скрининг процесот, очекувањата од Извештаите и тековните реформи.
На средбата со пратеникот Аднан Дибрани, фокус тема беше актуелните случувања во регионот и европската перспектива, особено за време на актуелното претседавање на Шведска со Советот на Европската Унија.
Се согласија дека регионот има напредок и дека реформите и помирувањето водат побрзо до членство во ЕУ, но дека задачите ќе мораме да ги завршиме ние самите, за кои имаме ја имаме поддршката од Риксдагот за побрзо исполнување на обврските на патот кон членството во ЕУ.
Се зборуваше и за дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој беше поздравен од соговорниците, со верување дека ќе направи позитивна атмосфера за поинтензивна соработка и дијалог кои ќе придонесат полесно да ги надминат разликите и регионот заедно да продолжи да чекори кон ЕУ.
Маричиќ е во официјална посета на Шведска на покана на неговата колешка, министерката за европски прашања Јесика Росвал, со која утре ќе оствари билатерална средба.