Јавен оглас бр.06/2023 за избор на пет комисионери (членови) од кои еден е претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија
Врз основа на член 182 и 183 од Законот за хартии од вредност („Службен весник на Република Македонија “ бр. 95/2005, 25/2007, 7/2008, 57/2010, 135/2011, 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 31/2020 и 288/2021), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС бр.06/2023
за избор на пет комисионери (членови) од кои еден е претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија
1) Претседателот и комисионерите на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија ги избира и разрешува Собранието на Република Северна Македонија на предлог на Владата на Република Северна Македонија.
2) Комисијата е составена од пет комисионери (членови) од кои еден е претседател.
3) Мандатот на комисионерите (членовите) е пет години, со можност за реизбор.
4) Двајца комисионери (членови) професионално ја вршат својата функција во Комисијата, а тројца се надворешни комисионери (членови) на Комисијата кои се ангажираат за вршење на работи во Комисијата, за што им следува надоместок.
5) Комисионерите (членови) кои професионално ја вршат својата функција во Комисијата се со полно работно време и не може да имаат друга функција и да бидат вработени на друго место или да добиваат друг надоместок освен платата како комисионери (членови) и надоместоци од повремени едукативни и авторски хонорари.
6) Надворешните комисионери (членови) имаат право на месечен надоместок кој го утврдува Комисијата.
7) Во однос на остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работен однос на претседателот и комисионерите (членовите) на Комисијата се применува Законот за работните односи.
8) За претседател односно комисионер (член) може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови и тоа да:
- е државјанин на Република Северна Македонија;
- има уверение за завршено високо образование;
- е експерт од областа на финансиите и деловното право;
- поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
• ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
• ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода, ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
• ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
• БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или
• АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
- има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право;
- не е член на органи на политичка партија;
- не е член на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка на Република Северна Македонија;
- не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од издадените акции на кое било друго акционерско друштво;
- не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
- не е осудуван за кривично дело во период од пет години пред изборот за комисионер и
- не е осуден за кривично дело предизвикување стечај на правно лице.
9) Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1. Кратка биографија;
2. Мотивациско писмо;
3. Уверение за државјанство;
4. Уверение или диплома за завршено високо образование;
5. Потврда дека е е експерт од областа на финансиите и деловното право;
6. Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
• ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
• ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
• ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) – најмалку Б2 (B2) ниво,
• ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
• БУЛАТС (BULATS) –најмалку 60 бода или
• АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
7. Преглед евидентиран во Агенциjaта за вработување на Република Северна Македонија или во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија како работен стаж, доказ дека има најмалку пет години работно искуство во областа на финансиите или деловното право;
8. Доказ дека не е член на органи на политичка партија;
9. Доказ дека не е член на управен одбор или надзорен одбор или одбор на директори на правно лице над кое контрола врши Комисијата, односно супервизија врши Народната банка на Република Северна Македонија;
10. Доказ дека не е акционер со над 5% учество во акциите со право на глас во акционерско друштво со посебни обврски за известување и 25% од издадените акции на кое било друго акционерско друштво;
11. Доказ дека не е функционер кој раководи со државен орган или орган на државната управа;
12. Доказ дека не е осудуван за кривично дело во период од пет години пред изборот за комисионер и
13. Доказ дека не е осуден за кривично дело предизвикување стечај на правно лице.
10) Документите од точка 9 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до Архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија Бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за избор на пет комисионери (членови) од кои еден е претседател на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија “.
11) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници.
12) Огласот ќе биде објавен и на веб страната на Владата на Република Северна Македонија.
13) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.