Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Артан Груби денес оствари средба со полската делегација предводена од потпретседателот на Собранието, г-дин Ришард Терлецки.
Соработката меѓу двете земји, процесот на уставните измени и патот на евроинтеграциите, биле дел од разговорот на средбата со полската делегација.
Двајцата соговорници оценија дека билатералната соработка меѓу нашите две земји е одлична и има простор за уште поголемо интензивирање.
Груби ја оцени поддршката на Полска за интегративниот пат на земјата, додека Терлецки ја потврди поддршката за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ.
Од друга страна, Терлецки ја истакна потребата земјава да го забрза процесот на интеграција и уставни измени со цел продолжување на преговорите за членство.