Мицкоски од НАТО Самитот: Ја прославуваме 75 годишнината од најголемата одбранбена Алијанса во Светската историја, продолжуваме со нашите сојузници да сме посветени на мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право

За нас претставува посебна чест и задоволство да се биде во друштво на овие луѓе и заедно со нив да го одбележиме 75 години од постоењето на НАТО Алијансата, најголемата одбранбена Алијанса во Светската историја. 

Како држава подготвени сме да го дадеме својот придонес на сето она кое што претставува вредност, тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност како до сега, така и во иднина дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право. 

Како малоброен народ сакаме да потврдиме дека она кое што за нас е важно, е да во деновите кои што овде ќе разговараме за важните прашања ги донесеме најзначајните одлуки, кои што ќе ја моделираат иднината на човештвото во следните декади. 

И ние ќе го дадеме својот придонес, Македонија како држава има намера да продолжи на тој начин да функционира и да ги промовира вредностите како македонска влада сакаме да бидеме рамо до рамо со нашите сојузници и да го потврдиме слободарскиот дух на македонскиот народ и македонските граѓани. 

Она кое што исто така сакам да го потврдам, е дека остануваме посветени на исполнување на обврските, односно минимум 2 проценти од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата Армија, нешто кое што е многу важно, бидејќи само на тој начин ќе ги следиме современите чекори и ќе ја следиме најголемата Светска одбранбена Алијанса која што некогаш постоела.