Мицкоски дециден за случајот на скопскиот аеродром: Додека сум јас премиер, не постојат луѓе кои што ќе бидат над законот, ако се утврди пречекорување во своите надлежности лицето ќе биде изведено пред правдата

Има надлежни институции кои што ќе го расветлат случајот во два дела. Првиот дел е до моментот додека не доаѓа лицето и вториот дел е откако доаѓа лицето, вели Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски денеска на прес конференцијата одговарајќи на новинарско прашање дали ќе побара одговорност од собранискиот спикер Гаши за испраќање на обезбедување на скопскиот аеродром.

Премиерот Мицкоски истакна дека доколку институциите констатираат пречекорување или сторување на кривично дело тогаш за истото лице ќе биде изведено пред лицето на правдата, потенцирајќи дека нема да дозволи никој да е над законите.

Доколку институциите констатираат пречекорување или сторување кривично дело тогаш бидете сигурни дека истото лице ќе биде изведено пред лицето на правдата. Нема никој да биде над законот во оваа земја, не постојат такви луѓе кои ќе бидат над законот додека сум јас премиер. Кога јас нема да сум премиер тогаш може да има такви. Но, додека сум јас не постојат луѓе што ќе бидат над законот. И доколку ова што вие го тврдите се потврди, тогаш бидете сигурни дека за тоа лице ќе има одговорност, дециден е премиерот Мицкоски.