Мизо: Имавме детална дискусија и очекуваме во следниот период подлабински да навлеземе во сето она што треба да се промени и подобри, се со цел привлекување на нови странски инвестиции

Денес беше првиот состанок на Советот на странски инвеститори со економскиот тим на Владата, предводен од премиерот Мицкоски, и можам да кажам дека имавме неколку многу важни теми кои ги засегаат странските компании. 

Пред сé разговаравме за работните односи, разговаравме за образованието, за царинските и даночните теми, кои се многу важи за странските компании кои работат тука, за инфраструктурата и општо што значи и колку е важно зголемување на конкурентноста на компаниите кои функционираат тука веќе подолго време.   

Имавме присутни околу 40 компании каде што со сите институции од Владата директно ги кажавме нашите барања, потребите, дури и законските потенцијални измени кои треба да се случат во следниот период. И она што е важно е дека имавме плодна, детална дискусија и очекуваме во следниот период преку работни групи со различните министерства и институции подлабински да навлеземе во сето она што треба да се адаптира, да се промени, да се подобри, за да креираме конкурентна, плодна почва за работа, за можност за дополнителни инвестиции од наша страна, но истовремено и за конкурентност при процесот на потенцијални привлекувања на нови компании.

Иако ние како компании тука работиме на подобрување на нашите резултати и нашите успеси тука, знаме дека како компании кои работат успешно тука можеме да бидеме и амбасадори при процесот на привлекување на нови компании.