Вицепремиерот Фетаи на средба со новоакредитираниот амбасадор на Франција

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи оствари куртоазна средба со новоакредитираниот амбасадор на Франција во Северна Македонија, Н.Е Кристоф Ле Риголер.

Честитајќи му на амбасадорот за новата задача, г.Фетаи му се заблагодари на амбасадорот за континуираната поддршка на Франција на нашето европско патување.

Главен акцент во разговорот со соговорникот беше ставен на активностите на Владата во борбата против корупцијата, продолжувањето на интегративниот процес на Северна Македонија и новите можности за соработка.