Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска имаше работна средба со амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Денион Меидани и амбасадорот на Република Косово, Н.Е. Флоријан Ќехаја.
Тема на разговор на оваа средба беа активностите околу одбележувањето на Денот на азбуката на Aлбанскиот јазик 22 Ноември, кој согласно Законот за празниците во Република Северна Македонија, е празник за граѓаните Албанци.
Вицепремиерот Фетаи ја искористи приликата на амбасадорот Меидани да му врачи честитка по повод отварањето преговори што Албанија ги отвори со Европската Унија, упатено до премиерот на Албанија Еди Рама, потпишана од Првиот вицепремиер Изет Меџити и вицепремиерот Арбен Фетаи.