Би сакал да ја искористам оваа можност и на сите православни христијани да им го честитам Христовото раѓање.
Христос се роди, навистина се роди.
Нешто што преставува голем ден за православните христијани, а на сите граѓани во нашата Македонија да им посакам пред сѐ здравје, затоа што здравјето е најважно, а потоа сите убавини на овој свет во нивните домови да им се случат. Очекувам година во којашто ќе имаме напредок, година на прогрес во секој план, тоа нормално го посакувам и за тоа како Влада во годината којашто следи ќе работиме.
Уште еднаш дозволете ми на сите да им го честитам Божиќ и да им посакам убав и мирен ден.