Јавен повик бр. 01/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор на јавните претпријатија основани од Владата на Република Северна Македонија

Институција која огласува: 
Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
25.02.2025

Врз основа на член 17 и член 17- а став 1 од Законот за јавните претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022, 274/2022 и 208/2024) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.213/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува:

 

Ј А В Е Н    П О В И К бр. 01/2025

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор на јавните претпријатија основани од Владата на Република Северна Македонија

 

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk и на веб страниците на јавните претпријатија, oбјавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управниот одбор во јавните претпријатија основани од Владата и тоа:
  • 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о., на веб страницата на јавното претпријатие  https://www.makedonijapat.com.mk;
  • 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, на веб страницата на јавното претпријатие  https://mzi.mk/;
  • 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавно претпријатие за стопанисување со државните шуми „Национални Шуми”-П.О. Скопје, на веб страницата на јавното претпријатие www.mkdsumi.com.mk;
  • 2 (два) члена на Управниот одбор на Јавно претпријатие за берзанско работење Агро Берза – Скопје, на веб страницата на јавното претпријатие https://www.agroberza.com.mk/ и
  • 3 (три) члена на Управниот одбор на Јавно претпријатие за државни патишта, на веб страницата на јавното претпријатие https://roads.org.mk/.
  1. За член на управниот одбор на јавното претпријатие основано од Владата, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
  3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и
  4. Да има најмалку пет години работно искуство од кои:
    • најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на финансиско работење и
    • најмалку еден член на управниот одбор со работно искуство од областа на правните работи.
  5. Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Образец за пријавување;
  2. Кратка биографија;
  3. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  4. Уверение или диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
  5. Потврда дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност.
  6. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство (потврда за евидентиран стаж од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија)
  7. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

 

  1. Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен  одбор - со назнака на јавното претпријатие за кое се аплицира“.
  2. Членовите на Управниот одбор на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие - Владата на Република Северна Македонија, со мандат од  четири години, со право на уште еден последователен мандат.
  3. Член на управен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор.
  4. Неспојливи се функцијата претседател и член на управен одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.
  5. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик.
  6. Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страницата на јавното претпријатие.
  7. Краен датум за пријавување е 25.2.2025 година.
  8. Кандидатите кои аплицираат за членови на управен oдбор на повеќе јавни претпријатија потребно е да поднесат поединечно пополнета пријава, со комплет документација за секоја од позициите за кои аплицираат.
  9. Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.
Пропратни документи: