Јавен oглас Бр.17/2025 за именување на директор на Управата за електронско здравство

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
04.03.2025

Врз основа на член 249-д и член 249- ѓ од Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/12, 145/12, 87/12,  164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19, 153/19, 180/19, 275/19, 77/21, 122/21, 178/21, 150/22, 236/22, 199/23, 236/23, 263/23, 30/24, 74/24 и 170/24), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 17/2025

за именување на директор на Управата за електронско здравство

 

  1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Управата за електронско здравство, на предлог од министерот за здравство, со мандат од четири години.
  2. За директор на Управата за електронско здравство може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови и тоа:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  3. Да има завршено висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС на природно-математички студии или студии по информатика;
  4. Да има најмалку пет години искуство во управување на системи со поголем број на корисници, од кои најмалку три години во управување на проекти од областа на здравството и
  5. Поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
    • ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,
    • ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
    • ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
    • ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
    • БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
    • АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 

  1. За директор на Управата за електронско здравство, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...

 

  1. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Пријава по оглас;
  2. Кратка биографија;
  3. Мотивациско писмо;
  4. План и програма за идна работа;
  5. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  7. Диплома или уверение за завршено висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС на природно-математички студии или студии по информатика;
  8. Доказ дека има најмалку пет години искуство во управување на системи со поголем број на корисници, од кои најмалку три години во управување на проекти од областа на здравството и
  9. Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:

- ТОЕФЛ ИБТ најмалку 74 бода,

- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,

- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,

- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,

- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или

- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).

 

  1. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Управата за електронско здравство “.

 

  1. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  2. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
  3. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/25).
  4. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  5. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  6. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

 

Пропратни документи: