Јавен oглас Бр.21/2025 за именување на директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
14.03.2025

Врз основа на член  9 од Законот за шумарска и ловна инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/08, 6/10, 36/11, 74/12, 164/13, 43/2014, 33/15,  149/15,  53/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25) и член 27 став (3) и став (4) од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 102/2019 , 272/2024 и 22/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 21/2025

за именување на директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство

 

  1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, со мандат од четири години.
  2. За директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови, и тоа:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  3. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
  4. Да има минимум пет години работно искуство;
  5. Да има потврда или сертификат за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга не постари од пет години.

 

  1. За директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...

 

  1. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Пријава по оглас;
  2. Кратка биографија;
  3. Мотивациско писмо;
  4. План и програма за идна работа;
  5. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
  6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  7. Диплома или уверение за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
  8. Доказ дека има минимум пет години работно искуство;
  9. Потврда или сертификат за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга не постари од пет години.

 

  1. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство “.

 

  1. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
  2. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
  3. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/25).
  4. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
  5. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
  6. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

Пропратни документи: